Утрово на првиот ден од Новата година на врвот Антена на Пелистер, се случи романтично запросување на студено време и на надморска височина од 2.601 метар.
Двајцата млади беа дел од тимот искусните планинари од планинарско-спортскиот клуб „Олимпус Монс“ кои ја ја реализираа манифестацијата „Први на први“, искачување со цел да се доживее првото изгрејсонце во новата година. Ова воедно се смета за првиот спортски настан годинава во државата и пошироко во Европа.
-Поради ниските температури од – 28°C и ветерот од околу 50km/h искачувањето се одвиваше во многу отежнати услови. И покрај тоа што станува збор за искусни планинари, беше потребно да се вложи многу повеќе сила за да се совладаат алпските климатски услови кои ги имаше ова утро на Пелистер. Магичните бои на првото изгрејсонце во 2026 беа одлична можност за Дарио Петровски на 2601мнв да ја запроси неговата сакана Мишела Панајотова. Ова дефинитивно е настан кој го одбележа овогодинешниот Први На Први. Дарио и Мишела живеат и работат во Германија, и за празниците се вратија назад во Македонија, за да учествуваат на Први На Први. Среќна нова 2026 и честитки за вечна љубов на Дарио и Мишела“, рече Иванчо Тошевски, организатор, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и директор на НП Пелистер.
ИЗВОР: Апла
