ВИДЕО: Зголемен водостојот на река Драгор во Битола – состојбата кај пумпната станица алармантна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По обилните врнежи од дожд зголемен е водостојот на реката Драгор во Битола, јавува ТВ Тера.

Од Јавното претпријатие „Водовод“ во Битола велат дека алармантна е состојбата кај пумпната станица која се наоѓа во населбата Довлеџик. И додаваат дека потпорниот ѕид навреме бил изграден, за да спречи поплавување на реонот.

За денеска метеоролозите прогнозираат врнежи од дожд, а на повеќе места тие ќе бидат обилни и локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2.

Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.

И утре ќе продолжат врнежите од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни.

Извор: ТВ Тера