Расправии меѓу Бугари и македонски гранични полицајци на Деве Баир

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На чествувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата Свети Спас пристигна и бугарска делегација предводена од вицепремиерот и технички министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Откако положи венец на гробот на македонскиот великан, Демерџиев во изјава за медиумите реагираше поради тоа што бугарските граѓани кои организирано тргнале на гробот на Делчев, чекале на граничниот премин за влез во Македонија поради тоа што беше паднат системот.

„За да нема такви проблеми во иднина, подготвени се три генератори кои ќе бидат подарени од Министерството за внатрешни работи во понеделник и тие ќе бидат дадени за точно три гранични пунктови за да нема слични проблеми во иднина“, истакна Иван Демерџиев.

Демерџиев рече и дека лично ги замолил и Ангел Џамбаски но и Костадин Костадинов кои постојан провоцираат во земјава со изјавите дека Македонија е бугарска да не доаѓаат во земјава. За ваквите нивни провокации тој одбегна да одговори. За денешното чествување пак, побарал тоа да биде заеднички со македонската делегација но бил одбиен.

„Бугарија е првата држава која ја призна Република Северна Македонија и други шпекулации нема да коментирам. За нас е јасно дека Северна Македонија е самостојна држава и јас како претставник на бугарската држава имам целосна почит кон македонската држава и македонскиот народ. Му предложив на министерот Спасовски да положиме цвеќе заедно, мислам дека тоа е вистинскиот начин и мислам дека апостол како Гоце Делчев заслужува таков однос, тоа ми беше откажано, но се надевам дека на следното чествување тоа ќе се случи“, посочи Иван Демерџиев.

А утринава најтензично беше на бугарско-македонската граница кај Деве Баир каде поради нарушување на јавниот ред, навреда но и обид за физички напад на македонски гранични полицајци тројца бугарски државјани биле приведени. Бугарските портали, пак, пренесоа дека овие бугарски граѓани биле тепани од македонската гранична полиција.

Целиот проблем се случи откако системот на контролата на границата падна и бугарски граѓани кои организирано тргнаа на гробот на Гоце Делчев во земјава мораа да чекаат подолго, по што почнаа и навредите од нив.

Началникот да дојде! Мирно, ќе им кажувате во редовите на МВР на Македонија. Ние сме бугарски граѓани, а со тоа и европски! Ако сакате нормално да се одвиваат работите ќе се однесувате со почит кон бугарските граѓани, така како што ние се однесуваме со вас.

-Нема потреба од викање

Има потреба од викање зашто не разбирате бугарски. Тоа што го прават вашите сограѓани е ненормална работа. Ниту сме вооружени ниту носиме бомби ниту сме Авганистанци.

-Повелете влезете во вашите возила

Напротив нема да влеземе во возилата. Сакате и да ја избркам полицијата, да ја избркам полицијата?

-Не викај

Ако не што ќе направиш?

-Повлечи се назад.

Сакам да отидам на гробот на Гоце Делчев, а вие тука ми правите проблеми да влезам.

Атмосферата на денешното чествување на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев се заостри и абеше прогласено за настан од висок безбедносен ризик, откако претходно бугарските политичари Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов во центарот на Скопје провоцираа дека Македонија е Бугарска. После ова се случи и тепањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид Христијан Пендиков.

https://youtube.com/watch?v=Rtz4TPFTQ50