Виена во тага – граѓаните палат свеќи на местото каде беше страшниот напад, Курц положи венец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа во Виена се случи еден од најтешките терористички напади во таа земја, каде загинаа четири лица, а над 15 беа повредени.

Граѓаните на Виена започнаа да се собираат на местото каде се случи крвавиот терористички напад и положуваат цвеќе, палат свеќи, а пристигнаа и претседателот Александар ван дер Белен и канцеларот Себастијан Курц.

Тој положи венец на местото на настанот.

Местото на трагедијата го посетуваат граѓаните, а го чуваат и обезбедуваат добро вооружената полиција.

Денес во Виена скоро ништо не е отворено, а улиците се празни. Граѓаните беа повикани да останат дома поради можноста да има повеќе напади.

Инаку, австриската полиција објави дека напаѓачот објавил фотографија на Инстаграм непосредно пред нападот, на која тој позирал со оружјето што го користел и дека е член на Исламската држава. Тој испука најмалку 50 истрели.