„ВИК“ ги зголеми капацитетите во Прилеп – новиот погон носи 300 нови работи места

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Компанијата „ВИК“ ги прошири своите производствени капацитети во Прилеп, каде што денеска беше пуштен во функција нов погон, како дел од инвестицијата за проширување на дејноста на компанијата.

Со достигнувањето на целосниот капацитет на инвестицијата, се предвидува отворање на околу 300 нови работни места.

„ВИК“ работи во Прилеп од 2018 година, додека новото проширување е насочено кон циркуларната економија, со фокус на рециклирање и повторна употреба на користени производи и материјали.

Инвестицијата се очекува да го зголеми производствениот капацитет на компанијата и да создаде нови можности за вработување во градот. Во овој процес, внимание е посветено и на соработката со локалната власт и образовните институции, со цел обезбедување на потребниот кадар за новите производствени капацитети.