Вилјареал го „шокираше“ Јувентус сред Торино – познати сите четвртфиналисти во ЛШ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со вечерашните два последни натпревари, познати се сите учесници во 1/4 финалето во фудбалската Лига на шампионите.

Најголемото изненадување го приреди екипата на Вилјареал, која го елиминираше Јувентус и тоа сред Торино. Првиот меч заврши без победник 1-1, и на Јуве му беше потребна било каква победа на домашен терен. Имаше многу шанси да дојде до водство, но откако не успеа, Џерард Морено од пенал во 78. минута ги донесе Шпанците во водство. Јувентус целосно се отвори, па така Пау Торес во 85. минута донесе 0-2, а во судиското надополнување Данјума исто така од пенал зголеми на 0-3, и така „жолтата подморница“ ги продолжи натпреварите во ЛШ.

Во вториот меч Челзи и на реваншот го совлада тимот на Лил со 1-2. Лондонскиот тим и по првиот меч имаше предност од 2-0, и со вкупни 4-1 се пласираше во 1/4 финалето. Головите за Челзи ги постигнаа Пулишиќ и Азпиликуета, и така донесао пресврт откако Јилмаз во 38. минута донесе водство од пенал.

Останатите четвртфиналисти се: Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Бенфика и Атлетико Мадрид.