„Винил хлорид мономерот веднаш штом дозволат временски услови ќе се ќе се преточи и транспортира од државата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Мистерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Вини хлорид мономерот кој се наоѓа во фабриката Охрид и претставува опасност, веднаш штом дозволат временските услови ќе се преточи и транспортира надвор од државата.

„Винил хлорид мономерот ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови потребни за безбедна работа со оваа хемикалија. Во врска со дезинформациите кои деновиве се шират по социјалинте мрежи за опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС, Министерството за животна средина и простоено планирање ја информира јавноста дека таквите информации се сосема неточни. Имено на 29.07.2020г. Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект Еко центар 97, Скопје, во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис – Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали“, велат од МЖСПП.