Виолинистот од Виенската филхармонија, Шќељзен Доли вечерва пред публиката во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Оркестарот на Филхармонија вечерва од 20:00 часот ќе го одржи концертот со наслов „Виенска фантазија“, на кој како солист ќе настапи албанскиот виолинист Шќељзен Доли, додека диригент ќе биде Михаил Маќашчик.

На програмата се делата „Четирите годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонијата бр. 40 во г-мол од Волфганг Амадеус Моцарт.

Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на албанската сериозна музика“.