Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија, Ралф Нортам треба да го потпише правниот акт за укинување на смртната казна во оваа американска држава.
Со протоколот е предвидува гувернерот Нортам денес да ги посети затворениците осудени на смрт во затворот Гринсвил и ќе го потпише историскиот закон за укинување на смртната казна во земјата која досега изврши најголем број на погубувања.
Од колонијалниот период до денес, во Вирџинија се егзекутирани скоро 1.400 осудени лица, а со новиот закон Вирџинија ќе стане 23-та американска федерална држава во која ќе биде укината најстрогата казна.
