Вирусот поминува, последиците остануваат – ТВ21 во пост ковид центарот за рехабилитација во Отешево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лицата кои со тешки симптоми го поминале коронавирусот сега се соочуваат со здравствени проблеми. Лекот го гледаат во центарот за рехабилитација во Отешево покрај Преспанското езеро. Секој ден прават вежби. Голем дел од анкетираните, велат дека и по вирусот, тешко дишат, па затоа престојуваат тука.

Овој центар за пост ковид рехабилитација е единствен од овој вид во Македонија. Алекснадра Пили, директорка на болницата вели дека интересот е голем и дека случаите со тешки последици подолго време се третираат, бидејќи последиците од вирусот на белите дробови се големи.

Портпаролката на болницата, Билјана Гошевска вели дека овој центар за рехабилитација постои над 40 години и служи за рехабилитација на пулмонални болести каде се лекуваат над 1.000 пациенти годишно.

Инаку Министерството за здравство вети реновирање на овој објект во септември годинава. Се очекува да се создадат посовремени медицински услови за рехабилитација на пациентите со белодробни заболувања.