Вишото јавно обвинителство донесе решение со кое ја уважи жалбата на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) и Бошњачкиот национален совет (БНС) во Република Северна Македонија, против решението на Основното јавно обвинителство Скопје од 19 мај 2025 година.
БДС и БНС, претставувани преку адвокатката Едина Зекировиќ Фазлагиќ од Скопје, на 19 април 2024 година поднесоа кривична пријава против Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија а сегашен заменик премиер на Владата на Република Северна Македнија и Министер за односи меѓу заедниците, за негирање и исмејување со жртвите од геноцидот во Сребреница, Босна и Херцеговина.
Поточно, Стоиљковиќ во април месец 2024 година, во јавна објава на социјалната мрежа Фејсбук, за геноцидот во Сребреница напиша дека е „некрофилски Дизниленд.“
Поради оваа објава, БДС и БНВ поднесоа кривична пријава против Стоиљковиќ за кривичното дело Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства од чл.407-а в.в со чл.403 од Кривичниот законик.
Без образложение ОЈО, дејствијата за кои беше пријавен Стоиљковиќ а тоа е употреба на терминот „некрофилски дизниленд“ ги нарече слобода на изразување во политика и делото исто така без доволно образложени причини го преквалификува во Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем 394-г, ст.1 од КЗ. Со така преквалификуваното дело ОЈО ја отфрли кривичната пријава со образложение дека “ПРИЈАВЕНОТО односно преквалификуваното’ дело не е дело кое се гони по службена должност.
Незадоволни од решението на ОЈО, БДС и БНВ, поднесоа жалба до Вишото јавно обвинителство, кое постапувајќи по таа жалба на полномошникот на оштетените БДС и БНВ, адвокат Едина Зекировиќ Фазлагиќ, донесе решение со кое ЖАЛБАТА СЕ УВАЖУВА и Решението за oтфрлање на кривичната кријава СЕ УКИНУВА, а првостепеното обвинителство се задолжува да ја продолжи постапката.
Овој момент во процесот на барањето правда за жртвите од геноцидот во Сребреница, инаку, признаен и потврден од Меѓународниот суд на правдата, во глобалната јавност познат како најголемо злосторство против човештвото во поновата историја на Европа, буди надеж кај граѓаните дека правдата ќе биде задоволена, а со утврдување вина кај тужениот, ќе испрати порака дека негирањето и исмејувањето со геноцидот во Сребреница, како и со било кое друго злосторство против човештвото, претставува говор на омраза и нема да помине неказнето“, се вели во соопштението на БДС.