Висок ризик од пожари низ целата земја: Седум пожари регистрирани до пладне

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси целата територија на Македонија е зафатена со висок метеоролошки ризик од пожари, со исклучок на повисоките делови на Шар Планина, според последната анализа на Македонскиот информативен систем за шумски пожари.

Иако во моментов нема подрачја со многу висок ризик, надлежните предупредуваат на можност за појава на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет низ целата земја.

Во меѓувреме, до 13 часот, Центарот за управување со кризи регистрирал седум пожари, од кои три сè уште се активни во Штип, Македонски Брод и Неготино, два се под контрола во Крива Паланка и Делчево, додека два се изгаснати во Новаци и Велес.