Вицепремиерот Битиќи и директорот на НЕР Реџепи: Гасификацијата се одвива по предвидената динамика, природниот гас ќе придонесе за заштита на животната средина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски со честитка до Бајден: САД е нашиот стратешки партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук профил упати честитка до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.Според претседателот, САД е...

Пописот, мета за нишанење во политиката, и власта и опозицијата со апел за разумност

Пописот на населението е статистички процес, но во Северна Македонија се користи за политички препукувања.Пред неколку дена опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

Каде се одговорите на Груби до Меџити? Груби вели дека ги доставил, Собранието и Меџити го велат спротивното

Помина рокот од 20 дена за одговор на првиот вицепремиер Артан Груби на прашањата на неговиот сопартиец Изет Меџити...

Банкарската регулатива проблем за граѓаните? На македонскиот пазар има место за финансиските друштва

Пристапот на граѓаните за подигање на кредити од Банките отежнат. Причината лежи во банкарската регулатива и незаинтересираноста на банките...

Филипче прв ќе се вакцинира, земјата уште ги чека вакцините од Србија

Ниту денеска не пристигнаа вакцините од Србија. Се уште не е подготвена потребната документација за транспорт на вакцините изјави...

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,  се сретна со директоротна АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји.

Вицепремиерот Битиќи, на првиот работен состанок со директорот Реџепи посочи дека е задоволен од динамиката на изградба на примарната гасоводна мрежа, која се одвива според планираното и додаде дека овој процес мора да се одвива непречено и понатаму. Воедно, нагласи дека паралелно се продолжува со процесот за избор на компанија, која по принцип на јавно-приватно партнерство би го градела, одржувала и управувала дистрибутивниот систем.

На овој начин истовремено би се работело на изградба и ставање во функција на примарната и секундарната гасоводна мрежа, а крајна цел е граѓаните и компаниите да добијат диверзифицирани можности за снабдување со енергенси, а со користењето на природниот гас како енергенс би се придонело за заштита на животната средина, заштеда на финансиски средства и поголема кокурентност на компаниите. Капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура, но и сите други капитални инвестиции ќе бидат следени од Централна единица за надгледување и реализација на капиталните инвестиции, која ќе се формира од Владата, а со која ќе се осигура високо ниво на нивна реализација, дополни вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот и директорот на НЕР зборуваа и за плановите за изградба на интерконективниот гасовод со Република Грција, со кој ќе се диверзифицираат и изворите за снабдување на земјата со природен гас, преку терминалите за течен нафтен гас од Александрополис и другите извори кои ги користи грчкиот оператор ДЕСФА. Со ова, освен досегашната конекција со Република Бугарија, ќе се добие уште еден извор за снабдување на земјата со природен гас, а воедно ќе ја позиционира Северна Македонија како регионален хаб за природен гас, кој потоа може да се дистрибуира во некоја од соседните земји. 

Реализацијата на капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура, како примарната, така и секундарната, гасната интерконекција со Грција, а потоа и со другите земји во регионот, ќе биде во фокусот на АД Национални енергетски ресурси во наредните години, рече директорот Реџепи и додаде дека обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до нивни намалени трошоци, но и намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните во Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Реџепи ги истакнаа своите споделени намери процесот на гасификација да се реализира со најбрза можна динамика, при што се согласија континуирано и заеднички да ги следат сите тековни процеси и да работат на ефикасна реализација на проектите кои се планирани.