Вкупна доминација на два филма: Објавени номинациите за наградата Златен глобус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЛЕТНИОТ кино хит Барби води во номинациите за Златен глобус со девет категории, пред историската драма Опенхајмер која има осум, објави во понеделник организаторот на филмската награда во Холивуд.

Барби ќе се натпреварува во категоријата најдобра комедија и мјузикл со American Fiction, The Holdovers и други на церемонијата во јануари, со која започнува сезоната на американските филмски награди. Опенхајмер, со Силијан Марфи во главната улога, меѓу другите ќе се соочи со Killers of the Flower Moon и Maestro во битката за најдобра драма.

Во телевизиските категории најмногу номинации има семејната драма Succession, девет.

Златните глобуси ги предвидуваат добитниците на Оскар?

Златните глобуси се добар показател за најпознатата филмска награда Оскар што се доделува во март. Тие ќе бидат избрани оваа година од нова организација откако во јуни беше распуштена непрофитната асоцијација на холивудски странски печат, новинарска група која беше на удар на критики поради етички пропусти и недостаток на различност.

Сопствениците на Златните глобуси, Елдриџ Индустрис и Дик Кларк продукција, ја поставија наградата како профитабилен бизнис, а гласачкото тело ќе се состои од расни и етнички различни 300 новинари од 75 земји. Победниците ќе бидат објавени на церемонија на 7 јануари.