Влада не ги зема предвид, тие најавуваат протест-Бектеши: Демократско право е да се протестира

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Стопанската комора за енергетика најавува протест, бидејќи, како што велат од таму, Владата не ги зема предвид нивните предлози за излез од енергетската криза. Бараат ЕВН да се врати во надлежност на државата и да се разрешат високите функционери кои се занимаваат со енергетски политики. Ако Владата и понатаму се оглушува на нивните барања, претседателот на комората најавува дека ќе организираат уште помасовни протести.

Без да даде подетален коментар, министерот за економија, рече дека демократско право е на секој граѓанин да протестира и да го изрази своето мислење.

„Демократско право е на сите чинители, вклучувајќи ги и коморите, иако како што сум информиран одредената комора не е ни регистрирана во склоп на најголемите комори во нашата држава, да држат протести и на мирен начин да го покажат тоа што го мислат“, вели Бектеши.

Првиот човек на СКЕ, Манасков, вели дека во Централниот регистар фигурираат како независна комора во која членуваат околу 500 сериозни компании кои бараат излез од енергетската криза која ги тангира сите граѓани.