Влада со опозицијата, но тешко со Мицкоски – Заев ја фрли ракавицата за предвремени парламентарни избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За прв пат , Премиерот Зоран Заев ја отвори можноста за формирање , како што изјави за Слободен печат , Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицкоски не се разговара.“, рече Заев.

Иако има мандат уште три години до 2024, сепак Заев како што вели и во вакви околкности отвора можност за дебата. Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам,објаснува Заев.

Фрлената ракавица од Заев , наиде на остра реакција кај ВМРО ДПМНЕ, опозиционерот Мицкоски кој е во изолација , одговорот ни рече дека ќе го каже пратеникот Милошоски, според кого со ова се потврдува дека на Македонија и е потребна нова и поинаква влада.

„Доколку експертската влада на чело со човек кој што би бил заеднички прифатлив надпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори , а потоа да се организираат и предвремени парламентарни избори ние сме спремни да разговараме за таков концепт.“, вели Милошоски.

Лидерот на Дуи , Ахмети , вели дека е здраво да има опозиција , избегнувајќи конкретен коментар на понудата на Заев.

„Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се во право, затоа што улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји. Само во посебни случаи тие можат да станат дел од важен процес, во спротивно тие имаат должност да не се согласуваат со парламентарното мнозинство.“, изјави Ахмети.

Ова не е нова идеја, ова сме го кажале и порано кога зборувавме за поларизација на државата, вели за Тв 21 , лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

„Доколку постои искрена волја да се разговара за редефинирање на моделот на управување, ние сме подготвени да разговараме. Важно е да се има кохезивна и функционална состојба, за која зборуваме од 2014 година.“, рече Гаши.

Дали заедничка голема политичка Влада би придонесла кон внатрешно помирување и би создало и поинаква политичка култура .Целта според Заев би била департизација на администрацијата и сузбивање на клиентелизмот во судството, а како пример ги посочи германските партии кои веќе 15 години се на власт.