Владата денеска ќе ја одржи 30-тата седница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 30-та седница.

На оваа седница, Владата ќе го разгледа Извештајот за спроведување на Законот за субвенционирање на станбен кредит со Предлог-одлука за времетраење на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање на субвенциониран станбен кредит во 2021 година.

На дневен ред за разгледување е и Предлог-програма за изменување на Програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за статистички истражувања за периодот 2018-2022 година.

Од таму велат дека за заклучоците и одлуките од 30-тата Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.