Владата денеска во 17 часот ќе одлучува за 58-часовниот карантин за продолжениот викенд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата денеска во 17 часот ќе одржи седница, на која главна точка ќе биде прифаќање на предлогот на Комисијата за заразни болести за целосен карантин од 58 часа односно од сабота од 19 часот до вторник до 05 часот.

Ова го потврди премиерот Оливер Спасовски.

„Сите одлуки ги носевме во координација со Комисијата за заразни болести. Така ќе биде и овој пат. Одлуката ќе ја донесеме денеска на седницата која почнува во 17 часот“, рече Спасовски.