Учениците од прво до трето одделение ќе учат од училишните клупи, а останатите онлајн. ТВ21 дознава дека ова ќе биде одлуката на Владата околу отворањето на училиштата од септември. Вакво сценарио беше најавено и претходно, а се очекува денеска да биде потврдено.
Најавена е прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче кој ќе треба да ја соопшти конечната одлука.
И натаму не е познато по кои протоколи ќе се одвива наставата за учениците до трето одделение.
