Владата ги прифати препораките: Полициски час во жариштата од четврток од 21 часот, до понеделник до 05 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, потврди дека Владата ги прифатиле препораките од Комисијата за заразни болести.

„Има многу локации каде што брзо се шири вирусот, поради непочитување на мерките, групирање, неносење маски, непочитување на мерките при превоз на работници.

Поради тоа Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикции на движење.

– Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

– Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро“, рече Филипче.