Владата го усвои третиот сет економски мерки: Реална помош или купување на гласови?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата го усвои третиот сет економски мерки за опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала по кризата со коронавирусот. Премиерот Оливер Спасовски рече дека третиот сет мерки изнесува 355 милиони евра или 5.5% од БДП, а со тоа ќе бидат опфатени 730 илјади корисници.

Дел од мерките во третиот сет, кои се директно наменети за граѓаните, се:

-Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги.
-Ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра.
-Парична поддршка за студентите и средношколците од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра.
-Ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација на Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци.
-Платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.
-Викенд без ДДВ за сите граѓани
-Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020.

Но, колку се овие мерки реални за опоравување на домашната економија? Експертот по економија Висар Адеми вели дека ова се популистички мерки и можат да бидат окарактеризирани како обид за купување на гласачи.

Купување гласови пред избори, да купиш колку повеќе групи е можно и на крај да победиш на избори. Ова е единствената формула. Купи ги медиумите, студентите, пензионерите за да можеш да продолжиш уште 4 години, во меѓувреме на грбот на сите овие популистички мерки се губи економската благосостојба, граѓанската моќ, губи и приватниот сектор.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека овие мерки не се мерки за помош на граѓаните и оние кои се погодени од кризата, туку како што велат, мерки за поткуп на граѓаните, односно гласачите во пресрет на планираните избори.