Владата на вонредна седница со одлука: Ќе обезбеди гориво за автобусите на ЈСП за следните седум дена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на денешна вонредна седница донесе одлука да ги отвори стоковите резерви и да достави гориво за автобусите на ЈСП, кои вчера и денеска не возеа поради немање на нафта.

ЈСП во следниот период треба да направи тендер, за да обезбеди непречено да се набавува гориво за автобусите.

Седница на Советот на Град Скопје има во 18 часот, поради проблемот со јавниот градски превоз.

Утрово низ автобуските имаше голема гужва, граѓани чекаа долго време смрзнувајќи се на постојките, а автобуси немаше.