Ова е Ниам Абдурахмани, мајстор за чифтелии. Секој четврток е пазарен ден во Тетово и тука може да го најдете како продава чифтелии кои сам ги изработил.
Тоа покажува дека најголеми купувачи се иселениците.
„За чифтелиите се користи дрво од цреша, врба, црница и тоа се најдобрите дрва за нивно производство. Треба почесто да има саеми за луѓето да не запознаат, да видат каде сме, што сме, што нудиме. Овој занает не се губи. Има голем интерес, претежно иселеници, но и локалното население, кој може да си дозволи ќе купи. Оваа чифтелија чини 100 евра, најголема е оваа“, вели Наум Абдурахмани.
Друг традиционален занает за кој сè уште постои интерес се димиите (дел од женска обично муслиманска народна облека). Нивниот кројач вели се посебни поради бојата и изработката.
„Повеќето е облека од полошкиот регион, но се носи во сите региони. Делата се единствени и се од регионот на Полог, а потоа и боите, особено жолтата и црвената се од Полог. Оваа срма се нарекува „злато“, повеќе се користи во Тетово или Полог, се прави и со кадифе одвнатре и ткаенина“.
Проектот Саем на занаети, како и проектот за прилагодување на „Улицата на дуќаните“ со калдрма е дел од прекуграничната соработка меѓу општините Тетово и Призрен, финансирана од ИПА фондовите.
„Овој пат, како што гледаме, полека го добива својот изглед, со калдрма, канделабри, клупи и други елементи и ќе биде важен импулс за развој на бизнисите кои се поврзани со занаетчиски дејности и во минатото имале значително влијание врз локалната економија“, вели Биљал Касами.
На оваа улица преку ден нема да поминуваат автомобили, туку ќе се користи само како пешачка зона.
