Владата објави економски пакет мерки, субвенционирање на кредитите за компаниите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата објави пакет економски мерки со кои се предвидува субвенционирање на кредитите на компаниите за да се избегне ликвидацијата поради коронавирусот.

-Микрокомпаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра,
-Малите компании со 10 – 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра,
-Средните компании со 50-250 вработени ќе можат да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра,
-Кредитот ќе биде без камата, во времетраење од 6 месеци, а рокот за враќање е две години.

Доделувањето на субвенциите ќе се врши врз основа на начелото “кој дојде прв, ќе биде услужен прв“, бидејќи оваа мерка нема да може да им се додели на сите компании.

Вицепремиерката Царовска предложила фабриките да работат во четири смени и истите да се дезинфицираат.

Од друга страна, гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бешоска извести дека ќе се преструктуираат и кредитите со што се предвидува намалување на каматната стапка.

Таа исто така апелираше да не се користат парите во кеш, туку платежните картички.

Најавено е и намалување на каматите и парафискалните давачки, што го побараа стопанските комори.

Министерството за економија предложи забрана на извозот на брашно, со цел да се задржи актуелната цена.

„За да ги заштитиме граѓаните од покачување на цените на храната, ние исто така ќе предложиме и забрана за извоз на пченичното брашно на неодредено време.“, рече Бектеши.

За сите овие мерки, известено беше дека од буџетот се издвоени над 1 милијарда денари, што е речиси 1/3 од вкупниот буџет за 2020 година.