Сите државни капацитети се во функција за да порасне домашното производство, и да нема пораст на цената за домаќинствата. Сепак нема доволно прозводство на електрична струја, па Владата денеска прогласи кризна сосотојба за стабилно и континурано снабдување со струја.
„Владата на денешната седница по барање на Комисијата за проценка на енергетскиот сектор во нашата држава формирана од страна на Министерството за економија донесе одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена“, истакна Крешник Бектеши.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обвинува дека власта дури по вториот круг од изборите донела уредба за прогласување електро-енергетска кризна состојба. Акумулациите велат за работа на хидроцентралите се со вкупна резерва од помалку од 10%.
„ВМРО-ДПМНЕ долго време укажуваше дека Република Макеоднија е на прагот на енекро-енергетски колапс, но власта на Зоран Заев во заминување сето ова го прикриваше со едиснтевна цел да не си го загрози и онкаа нарушениот рејтинг во изборниот процес кој се одвиваше во изминатиот период“, додава Стевче Антовски.
Првиот Блок на РЕК Битола повторно е во функција, произведува струја и е приклучен на енергетската мрежа, соопштија од раководството на Комбинатот. РЕК Битола скоро 24 часа беше исклучена и не поризведуваше струја откако Блок 1, едниствениот кој работеше, мораше да биде исклучен заради минихаварија и поправка на дефект, пукната цевка во котелот. Од ЕСМ најавуваат дека до крајот на неделава треба да заврши ремонтот во Блок 2, кој бил плански, и тој да биде ставен во погон и да почне да произведува струја за домаќинстава. Блок 3 по петочната хаварија ќе биде во погон најмалку после еден месец.
