Може ли државата да ги сруши цените на станбениот квадрат во земјава кои во Скопје достигнуваат над 2.000 па и 3.000 евра?! Од Владата велат ќе работат на изградба на комерцијални згради кои треба да бидат конкуренција на приватниот квадрат, кој мора да оди надолу.
„И преку изградба на комерцијални згради ќе се обидеме да интервенираме во цената на квадратот која што за жал достигнува во одредени градови баснословни суми кои што дефинитивно мора да одат надолу“, рече Николоски.
Но, градежниците се децидни, државата може да интервенира на пазарот и да помогне на ранливите категории на граѓани да дојдат до државен стан, но не и да ги сруши цените на приватниот квадрат. Тие ќе останат исти.
Според нив доаѓа време како во Европа, кога нема да може секој да купи стан. Велат сега градиме за оние кои можат да си купат по 3,4 станови, но државата мора да поведе сметка за младите брачни парови, ранливите категории кои мора да имаат покрив над главата.
Сметате ли дали дека ќе го стабилизира станбениот квадрат?
-Не може да го стабилизира бидејќи понудата која што може да ја понуди сразмерно на останатата е недоволна.
„Јас само вака би сакал да додадам. Државата може, затоа што она, овде сега многу кошта градежносто земјиште на кое се гради. Државата има сопствено земјиште. Само за тој проценти, тоа е 30 до 35 посто они во старт ќе бидат поевтини“.
-И тоа се сведува на нелојална конкуренција.
„Е сега види. Можда е нелојална, но они нема да имаат таква продукција што може да угушат конкуренција. Затоа што они ќе имаат помала продукција за да можат да понудат на овие ранливи групи.
-Е тоа е битна категоризацијата.
Препорачуваат државните станови да не одат на лицитација и да имаат фиксна цена, зошто сега со лицитациите цените одат до 2.000 евра за квадрат. Според нив сегашните цени на пазарот не се реални, но нема ниту да се намалат – очекуваат само стабилизација на станбениот квадрат особено во метрополата.
