За Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој треба да се воведе една изборна единица и на тој начин помалите партии да имаат погоплеми шанси за повеќе пратенички места доколку настапуваат независно, Владата дала негативно мислење, а е доставено и потпишано од вицепремиерот Артан Груби.
Во него пишува дека е потребен општ консензус и планирана е поширока дебата на работната група со парламентарните политички партии.
„Како процесот на усвојување на Изборниот законик, неминовно ја наметнува потребата од консензус на сите политички партии, по дефинирање на решенијата по однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, планирана е поширока дебата на работната група со исти парламентарни политички партии, на која ќе се разгледа и предлогот за промена на изборниот модел“, пишува во мислењето на Владата за Предлог-законот за една изборна едница.
Предлогот на законското решение е поднесен од: пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, на ДС, Павле Трајанов, ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, на ВМРО-НП, Љупчо Балкоски и на пратеникот од Коалицијата предводена од СДСМ, Панчо Минов.
