„Власта да и се извини на ВМРО-ДПМНЕ“ бара опозицијата, по запирање на случајот „Делчевски ниви“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Случајот „Делчевски ниви“ за кој Јавното обвинителство се откажа да покрене обвинителен акт, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ е монтиран случај. Тие бараат власта да се извини на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи како што велат, измислиле и монтирале непостоечки случај.

Ако е останат барем една трошка морал во оваа власт, треба веднаш да се извини на ВМРО-ДПМНЕ за овој случај, кој немерно беше конструиран за да нанесе штета на партијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. За Делчевски ниви беше споменувано дека и шефот на опозициската партија Мицкоски бил директно вмешан во овој случај за што тој деновиве рече дека со тоа власта намерно го урива неговиот углед.  

„Се обидуваат да го нарушат мојот углед, мојата чест, со тоа што континуирано речиси 6 години објавуваат лаги, конструираат случаи и на таков начин мислат дека ќе опстојат повеќе на политичката сцена. Како од самиот почеток, така и заклучно со овој случај каде што јас лично бев посочуван од високи функционери на СДСМ и нивните измеќари и слуги во опозицијата дека сум бил замешан или преку тој случај се финансирала ВМРО-ДПМНЕ“, вели Христијан Мицкоски.

Овој предмет се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи кое, како што беше наведено било платено 40-ина пати поскапо од реалната пазарна цена. Пресвртот се случи откако сведоците ги смениле своите искази. Од Основното јавно обвинителство информираа дека по ова немале друг избор освен да ја запрат постапката односно да не покренат обвинителен акт.

„Во текот на истражната постапка членовите на Управниот одбор го сменија својот исказ и изјавија дека откако ги разгледале прибраните докази смеетаат дека не биле доведени во заблуда и не биле измамени  од осомничените. Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје именуван од Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејстријата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата“, вели ОЈО.

Осомичени за измама во овој случај беа двајца управители од компанијата ЕВН Мирослав Митровски и Игор Гиевски кои ги потпишале договорите за купопродажба на земјоделски земјишта во Делчево како и уште пет други лица се гонеа за помагање.