Влатко Ѓорчев назначен за национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев е назначен за национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси, објави БИРН.

Според нивни информации, ова назначување се случило на владина седница минатиот вторник.

Покрај Ѓорчев, Владата отворила уште две други позиции за национални координатори, па така, за национален координатор за локална самоуправа е назначена Лилјана Затуроска, екс пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, а за национален координатор за безбедност на храна е назначена Верче Мицевска.