Здравствена работничка е убиена во болница во Бад Цвестен, во централна Германија. Полицијата соопшти дека осомничениот е уапсен во текот на ноќта.
Напаѓачот влегол со самострел во болницата, и ја убил вработената која имала 50 години.
И покрај итната медицинска помош, сепак, жртвата набрзо подлегнала на повредите. Ккао осомничен за убиство е идентификуван 58-годишен маж од областа Пасау.
Полицијата го уапсила ноќеска на бензинска станива на автопат во регионот во сверна Баварија.
