ВЛЕН бара јавно објаснување од Лимани за фотографијата со Ахмети и Таравари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Коалицијата ВЛЕН бара појаснување од Фатмир Лимани по фотографијата направена на ифтарската вечера организирана од премиерот на Албанија, Еди Рама.

Во изјава за ТВ21 од ВЛЕН велат дека, во интерес на вистината и за да се избегнат различни толкувања во јавноста, Лимани треба лично да објасни зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари.

„Во интерес на вистината, а со цел да се прекинат различните толкувања за вечерашната ифтарска фотографија кај албанскиот премиер Еди Рама, очекуваме Фатмир Лимани лично да ѝ објасни на пошироката јавност зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари. По сè што јавно има изјавено против нив, Лимани има морална обврска да ги разјасни забуните што природно се наметнуваат“, велат од Влен за ТВ21.