„ВЛЕН да се обедини и да ја засили улогата во Владата“ – аналитичари: Помалку поделби, повеќе конкретни дејствија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аналитичарот Имер Селмани се надева дека внатрешните прашања во ВЛЕН што поскоро ќе се затворат и дека партијата ќе функционира како една целина, во интерес на граѓаните. Во „Клик Плус“ тој изјави дека дебатите за лидерските позиции се внатрешна работа и не се многу важни за јавноста, додека вистински важно е претставниците на Албанците во владата да бидат обединети, да зборуваат со еден глас и да имаат силна улога во донесувањето одлуки.

„Посакувам и се надевам дека што поскоро оваа приказна, ова поглавје ќе се затвори и ВЛЕН ќе функционира како една политичка партија, бидејќи тоа е и во наш интерес како граѓани. Не вреди многу да се дебатира, бидејќи тоа е нивна внатрешна работа како ќе го менаџираат позиционирањето на лидерите. За нив тоа е важно, но за граѓаните, особено за Албанците, многу е важно политичкиот субјект што ги претставува во владата да зборува силно и едногласно и да биде вистински партнер во одлучувањето“, вели аналитичарот Имер Селмани.

Аналитичарот Сефер Селими внатрешните судири и ривалства во ВЛЕН ги смета за неважни, во време кога земјата се соочува со длабока економска и геополитичка криза. Тој повика овие прашања да се решат што побрзо и да не се одолговлекуваат, бидејќи според него немаат влијание врз стратешкото одлучување.

„За мене овие инаети меѓу партиите во ВЛЕН, кој е ’прв во маалото‘, се многу неважни. Требаше да се решат многу порано. Се приклучувам кон апелот да се решат што поскоро и да не нè оптоваруваат со овие теми, кои апсолутно немаат никаков импакт врз Владата на Северна Македонија. Како што функционирале досега, Албанците се неважни и политички и во однос на одлучувањето за геостратешки и економски прашања“, изјави аналитичарот Сефер Селими.

Во однос на идеолошката определба на ВЛЕН како десничарска партија, аналитичарите ја поддржуваат како идеја, но бараат таа да се докаже преку конкретни мерки што ќе се спроведуваат преку политики, закони и владини одлуки.