Од партијата ВЛЕН велат дека обединувањето на пет партии во една единствена структура претставува ново политичко консолидирање во претставувањето на Албанците во Македонија. Во соопштението, ВЛЕН наведува дека субјектот е зајакнат и не е распуштен, а воедно ги критикува обидите на други политички сили за обединување. ВЛЕН нагласува дека приоритет останува еднаквоста и институционалната застапеност на Албанците во државата.
„Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од таканаречената коалиција АКИ во една политичка партија, пропаднаа уште на самиот почеток, соочени со јасно одбивање од неговите политички партнери, што е уште еден доказ за внатрешната криза на тој камп. Од една страна е ВЛЕН, со јасна визија за реформи и развој; од друга страна е ДУИ, нереформирана и оптоварена со скандали. Овој судир меѓу новото и старото ќе го одреди правецот на политичкото претставување на Албанците. Централната точка на ВЛЕН е Албанецот во Северна Македонија: достоинствен, рамноправен и институционално силен. Нашата заложба е за реално претставување во сите институции и за еднаквост што се чувствува во пракса, а не само на хартија. ВЛЕН ќе делува правата на Албанците да не бидат симболични или предмет на политички пазар. Државата ќе преземе мерки за целосна примена на јазикот, застапеноста и еднаквиот пристап во секоја институција, гарантирајќи праведен и функционален систем за сите“, се наведува меѓу другото во соопштението на ВЛЕН.
