„ВЛЕН не побарал отповикување на амбасадорот Меидани“, вели Касами

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„ВЛЕН, но и Владата на Македонија, во ниту еден момент немале какво било барање до албанската држава за повлекување на амбасадорот“, изјави Билал Касами од ВЛЕН на прашањето дали било побарано заминување на амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Меидани.

Касами рече дека за ова прашање одлучува албанската држава, но ја критикуваше работата на Меидани.

„Ние би сакале тој повеќе да ги претставува граѓаните, односно да ги штити правата на албанските граѓани во Македонија, повеќе отколку некои политички групации, што за жал се забележува, но сепак тоа е работа и ангажман што треба да го оцени албанската држава“, изјави Касами.