ВЛЕН со реакција на ДУИ: Добредојдовте во реалноста на Коридорот 8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЛЕН го поздравува „најновото откритие“ на Демократската унија за интеграција во врска со Коридорот 8, за кое велат дека, иако со задоцнување, го потврдува она што тие континуирано го кажуваат и докажуваат, односно дека овој проект не може да се запре и не е ничија сопственост.

„По долг период на контрадикторни изјави и обиди за создавање политичка магла, охрабрувачки е да се види дека опозицијата конечно рефлектира и се приближува кон ставовите што ВЛЕН доследно и одговорно ги застапува институционално.

ВЛЕН потсетува дека нашата посветеност за реализација на Коридорот 8 е јасна уште од првиот ден: станува збор за стратешки проект кој ја поврзува државата со регионот и со Европска Унија, и кој мора да се реализира врз професионални, транспарентни и одржливи основи.

Јасно е дека деструктивната реторика и обидите за политизација на овој проект не донесоа ништо освен конфузија. Затоа, секој чекор кон порационална и поодговорна комуникација е добредојден, дури и кога доаѓа со задоцнување.

ВЛЕН останува цврсто посветен Коридорот 8 да се реализира како модерен, европски проект во служба на граѓаните, кој ќе обезбеди економски развој, посилни регионални врски и одржлива перспектива за државата“, велат од ВЛЕН.