Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, смета дека политичките настани и протести во земјава поради францускиот предлог нема да се одразат на одлуките на странските компании за инвестиции во нашата земја.
Тој рече дека во разговорите со компаниите го прашуваат „Што се случува“, но засега нема ризици за инвестициски договори и нема компании што решиле да го сменат ставот и оттука да одат во земјите од регионот.
Тој изрази надеж дека следната недела, кога ќе пристигне делегацијата од американско-тајванската компанија, нема да има прашања од типот „што се случува во Македонија“.
