Некогашниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во „Клик Плус“ рече дека двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мора да почнат процес на помирување.
Според Тодоров, мора да има помирување, поради тоа што државата во моментов е многу поделена и луѓе се мразат само поради различни политички гледишта.
„Оваа наша држава е целосно поделена. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да почнат еден процес на помирување. Постојат луѓе кои меѓусебно се мразат, само поради различно политичко гледање“, рече Тодоров.
