ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Владата за задоцнети мерки: „Цените требаше да бидат замрзнати пред да бидат двојно тројно покачени“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За намалувањето на цената на тестенините и млечните производи СДСМ се пофали дека Владата се грижи за граѓаните додека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека мерките се задоцнети и краткорочни.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека со задоцнетите мерки на криминалната влада на СДС и ДУИ, народот осиромашува од ден на ден. Од оваа партија додаваат дека амбицијата и неспособноста на владата на Ковачевски довеле до целосен колапс на економијата во земјава.

„Пред неколку месеци предложивме конкретни антикризни мерки кои нема да бидат на штета ниту на граѓаните, ниту на компаниите.

Оваа неспособна власт требаше уште пред неколку месеци да ги замрзне цените на основните прехранбени продукти, пред тие да се качат за двојно или пак тројно, но и владата да ги ослободи стоковите резерви, како и да се откаже од дел од акцизата на горивата и да се анулира цената на транспортот.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Мицкоски додаваат СДСМ и ДУИ да не размислуваа само на тендери и криминал и навреме да прифатеа барем дел од предлозите на ВМРО, инфлацијата во Македонија немаше да биде двојна.