Лидерот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски на последниот ден од кампањата е во Штип од каде што оваа партија традиционално ја завршува изборната кампања. Тој истакна дека во програмата Обнова имаат илјада решенија, но дека, како победници на 15 јули, би сакал во иднина да остварат уште толку.
„Јас би сакал уште дополнителни илјада решенија на проблеми да вклучиме во овој четиригодишен мандат. Но најпрвин ќе треба да отпочнеме, да видиме сето она кое што ќе го затекнеме, а и информациите се дека навистина ситуацијата е многу лоша“, рече Мицкоски.
Владо Мисајловски, потпретседател на партијата и носител на втората изборна единица од Куманово со ветување дека ќе го донесе законот за потекло на имот на политичари.
„Јас можам да ги напаѓам секој ден за се она што направиле или она што го кријат Затоа е добро законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот да видите какви политичари имате тука во Куманово и што се кријат, за своите таканаречени пријателски бизниси.“, вели Мисајловски.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со програмата Обнова, а како носители на кандидатските листи се Гордана Силјановска Давкова во првата, Владо Мисајловски во втората, Игор Јанушев во третата, Александар Николовски во четвртата и Дафина Стојановска во шестата изборна единица.
