ВМРО-ДПМНЕ на нов протест против поскапувањето на струјата, СДСМ: Опозицијата организира собири кои се опасни по јавното здравје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи нов протест против поскапувањето на електричната енергија. Како што информираат од политичката партија, протестот ќе започне во 18 часот од Спортскиот центар „Јане Сандански“ со возила до Регулаторна комисија за енергетика. Од опозициската партија апелираат на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, со носење лична заштитна опрема. 

Со реакција за најавениот протест се јавија од СДСМ. Велат дека опозицијата го загрозува јавното здравје со овие собири.

„ВМРО-ДПМНЕ наутро глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, а попладне организира собири на кои масовно се кршат мерките и задолженијата за заштита од КОВИД 19.  Таканаречените протести на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за спас на фотелјата на Мицкоски се опасност по јавното здравје.

ВМРО-ДПМНЕ нема што друго да понуди  освен деструкција. Затоа губи три пати на озбори и затоа уште долго ќе е опозиција.“, се вели во соопшението на СДСМ.