ВМРО-ДПМНЕ не одлучи за напуштањето на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ не одлучи дали ќе го напушти Собранието на синоќешната седница, на која расправале за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори.

Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски рече дека не гледа повеќе потреба од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и најави дека на Извршен комитет ќе разговараат на оваа тема.

Во соопштените не се споменува напуштање на Собранието.

„ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека државата не смее да биде заложник на личните интереси на поединци на Власта како и стравот од одговорност на оние кои се огрешиле пред законот. 12 април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Заев. Избори на 12 април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата, беше заклучено на седницата на ИК“, се вели во соопштението.