ВМРО-ДПМНЕ обвинува: За 4 години оваа Влада го зголемила долгот за нови 2,4 милијарди евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за расипничко трошење на државната каса, односно парите на раѓаните. Пратеникот од опозициската партија Бојан Стојаноски вели дека за само 4 години, Владата го  зголемила долгот за нови 2,4 милијарди евра односно на 63% од БДП.

Од кога е СДСМ на власт, годишно се задолжуваме за нови 600 милиони евра. Вакво неодговорно однесување не е забележано досега во историјата на државата, вели Стојановски.

„Ветуваа живот за сите, а испорачаа живот кој е се’ поскап, цените се’ повисоки, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Основните прехранбени продукти се поскапени за 10-тина проценти во последниве месеци и години. Како одговорни пратеници во текот на амандманската расправа поднесовме бројни амандмани со кои сакавме да истакнеме три приоритети: – Заштита на здравјето на граѓаните; – Стимулирање на економијата преку капитални инвестиции; – Спречување на расипничко трошење на народните пари“, вели Бојан Стојановски.