ВМРО-ДПМНЕ денеска на собраниската комисија за финансирање и буџет обвини за нетранспарентно трошење и побара два нови викенди без ДДВ.
„Требаше да имаме повеќе викенди бидејќи имавме ден и пол неработен. Да направиме уште два викенди па да ја видиме куповната моќ на нашите граѓани“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
На ова со одговор се јави и пратеничката од СДСМ и екс директорка на УЈП, Сања Лукаревска.
„Пак не сакам да ја сведеме дебатата на политички препукувања, но и вам ви е добро позната онаа изјава од поранешен министер за финансии дека немаме пари за леб, а трошиме за чоколадо“, порача Лукаревска.
