ВМРО-ДПМНЕ: Отфрлањето на тужбата на Рускоска е нејзин тежок блам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение истакнува дека отфрлањето на тужбата на обвинителката Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ е тежок блам.

„Отфрлањето на тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ претставува очекуван потег но и тежок блам на главниот обвинител и извршител на Заев. Неспорен факт е дека дури ни руинираното трас-трас судство не може да го покрие самоволието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За потсетување, обвинителката Рускоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партијата, ги користела нејзините име и лик во предизборната кампања.