ВМРО-ДПМНЕ: Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко, е писмо за спас на нивните фотелји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После писмото од сите директори на Јавните здравствени установи во земјава во кое велат дека не ја прифаќаат оставката од министерот за здравство Венко Филипче, со реакција се јави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Писмото на директорите на ЈЗУ  за спас на Венко, е писмо за спас на нивните директорски фотелји во ситуација кога и Филипче, и Артан, и Заев треба да си дадат оставки.

Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев се уште не се изјаснил дали да ја прифати.

Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност.

Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага.

Протестот на граѓаните од Тетово праќаат порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа. До нејзе ќе се дојде само преку неутрална истрага која ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат на истата.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.