ВМРО-ДПМНЕ победник и во вториот круг – ДУИ освои 10 општини, Алијанса за Албанците и Беса по 2 општини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу мандати за градоначалник во вториот круг, вкупно 21, а тука е опфатено и независната кандидатка за Град Скопје. Во двата изборни круга ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 42 општини.

Главните општини се:

СДСМ во вториот круг победи во 7 општини, а вкупно освои 16 општини.

ДУИ во двата круга победи во 10 општини, а само во вториот круг освои 7 општини. Во првиот круг победи во Липково, Сарај и Пласница.

Движењето Беса победи во две општини, Тетово и Желино. Алијансата за Албанците / Алтернатива, за разлика од првиот круг каде не победија во ниту една општина, вчера победија во Врапчиште, Гостивар, а водат во Дебар, но таму ќе има втор круг. ДПА победи само во општина Студеничани со Азем Садику. Во Карпош победи ГРОМ со Стевче Јакимовски. А со Куманово уште 4 години ќе го раководи независен кандидат, Максим Димитриевски.