ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред МНР – Милошоски: Заев, Димитров и Османи да кажат зошто го излажаа народот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Четврти ден по ред опозициската ВМРО-ДПМНЕ организира протест во Скопје, но и во уште неколку градови низ државата. Причина се преговорите со Бугарија, односно како што велат тие, анексите со кои се распродава македонскиот национален идентитет.

Антонио Милошоски ги повика Заев, Димитров и Османи во Собранието да дадат отчет, бидејќи како што вели, токму тие тројца кажаа дека Македонија добила датум и дека со договорот од 2017-та сите проблеми со Бугарија биле решени.

„Истите тројца беа промотори на референдумот на кој што ветуваа дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, но далеку сме од таквата ситуација. Затоа повикуваме до институциите особено до Заев, Димитров и Османи да се појават пред Собранието како дом каде што се наоѓаат народните избраници и таму на граѓаните преку пратениците и на јавноста да и објаснат за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија и зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ“, вели Антонио Милошоски.