Со 2/3 мнозинство уште пред изборот на новата Влада, ВМРО-ДПМНЕ најавува реорганизација на министерствата.
„Целта на тој закон е да ги уреди новите министерства, но и ги преуреди надлежностите на постоечките министерства. Во смисла на новото време. При анализата на овој закон забележавме дека затоа што се немало 2/3 мнозинство измислувањето или креирањето на нови институции се правело изигрувајќи го овој закон. Неследејќи ги одредбите на овој закон“, вели Стефан Андоновски.
Андоновски вели дека во новите две министерства нема да има нови вработувања, туку тие ќе се извлечат од Министерството за економија и од Агенцијата за млади и спорт. Но, за овие промени, потребно е 2/3 од пратениците да дадат зелено светло.
ТВ21: НСДП, ЛДП партии дел од коалцијата на СДСМ?
„Можам да потврдам дека се разговара со поголема група на пратеници, кои во изминатиот период покажаа интерес да се приклучат кон победичката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, но беа спречени од притисоци, политички уценувања, но мислам во наредниот период ќе се охрабрат и приклучат, бидејќи се свесни дека Христијан Мицкоски е новиот премиер на Македонија“, порача Стефан Андоновски.
А по усвојувањето на приговорите од Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ се надева по прегласувањето на дополнителни два пратенички мандати.
„Гласачите во овие избирачки места ја прават разликата за количникот за пратеници, сметаме дека и би целеле на тоа ВМРО-ДПМНЕ да има уште два мандати дополнително“, вели Стефан Андоновски.
Во однос пак на реакциите по заклетвата на новата претседателка, Андоновски додава дека така ќе се однесува и новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
