ВМРО-ДПМНЕ објави уште 10 кандидати за градоначалници. Меѓу овие 10 имиња, најмногу паѓа во очи името на градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој беше еден од незадоволните членови на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа оставкаод нивниот лидер, Христијан Мицкоски поради губењето на изборите.
На македонската опозиција и останаа некаде околу 10 општини за кои немаат одредено имиња на кандидати со кои ќе настапат, а меѓу тие општини се Аеродром, Карпош и Битола. И АА-ААА се уште нема завршено со избор на кандидати за градоначалници, а до сега само во 7 општини имаат потврдени имиња, и тоа во:
- Гостивар – Арбен Таравари
- Арачиново – Наим Синани
- Теарце – Назим Таипи
- Желино – Махир Зибери
- Дебар- Беким Поцеста
- Струга – Идро Истрефи
- Боговиње – Садик Сулејмани
За Чаир неофицијално ќе се трка Беким Сали, за Врапчиште, Исен Шабани, за Тетово се спомнува името на лекарот Илир Демири а за Кичево се уште нема официјално име.
На 11 септември е последниот рок за доставување имиња од политичките партии до ДИК, а вечерва на полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници за локалните избори, закажани за 17 октомври.
