ВМРО-ДПМНЕ во опозиција со работниците, на власт против!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ во опозиција со максимална поддршка на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на платите.

Ветувањата мора да ги реализираат. Тој ден не да доаѓа веќе е поминат нема бегање од тоа. Нивна е одговорноста тие се продуценти на кризи, не можат да се справат со кризите и затоа ќе им се случува тоа што им се случува. Го презедовме тој ризик свесни дека можеби ова доаѓање тука ќе го протолкуваат како политизирање на вашиот настан што апсолутно го демантираме бидејќи ние сме претставници на народот“, вели Дафина Стојаноска.

Поддршка стигнуваше и од партиското седиште. Ја обвинуваа тогаш владеачката СДСМ дека го одби амандманот на ССМ за повисоки плати.

ВМРО нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата“, порача Марија Митева.

Но, сега кога се на власт ВМРО – ДПМНЕ во отворена војна за рушење на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и кредибилитетот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

ССМ веќе нема кредибилитет, СДС потврдија дека го координираат синдикатот. Слободан Трендафилов е лице кое и должи на СДС за незаконското поставување на позицијата претседател на ССМ. Слободан Трендафилов, подолг период не ги одразува идеите и потребите на работниците, туку на СДС“, вели Бране Петрушевски.

Со напади барем еднаш неделно излегува и поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски. Си го бара претседателското столче назад, столче кое беше резервирано за него во времето на екс премиерот Никола Груевски. Бара Владата да не преговара со ССМ.

Доставивме ние барања, ги доставивме доказите во кои јасно се потврдува дека господинот Трендафилов не е легитимен претседател“, вели Живко Митревски.

Нападите кон Трендафилов се директни и од колегите од Конфедерацијата на слободни синдикати. Денеска пак стигнаа и лично од премиерот Мицкоски. Трендафилов најави протести и обвини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да стави „функционерска чизма на работникот“.

Јас слично како Слободан Трендафилов не знаев дека сум толку јак да ја обединам цела опозиција да застане позади мене да поддржи зголемување на платите на работниците, а од друга страна партијата на власт да се плаши од еден човек на кого планира да му ја скине главата“.

До крајот на месецов треба да се донесе заклучокот за минималецот, кој најверојатно од март ќе се зголеми за 1.800 денари и ќе изнесува 24.400 денари, а не 500 евра како што бара синдикатот. Владата веќе се изјасни дека не прифаќа да ги субвенционира придонесите за минималецот да порасне на 500 евра.